Правила на купување

ПРАВИЛА НА КУПУВАЊЕ

Оваа интернет страница, со домеин memories-mk.com, е во сопственост на Memories MK и претставува онлајн сервис создаден за корисниците со цел да овозможи лесно прегледување и купување на производи.

Со самата посета или купување преку нашата интернет страница, Вие се согласувате со условите и правилата наведени подолу.
Memories MK го задржува правото да врши измени и дополнувања на овие услови без претходна најава, а новите правила ќе стапат во сила со нивното објавување на веб-страницата.

Ве молиме внимателно прочитајте ги пред да извршите купување.
Memories MK не сноси одговорност доколку корисникот не ги прочитал јавно достапните информации и услови.


ОПШТИ УСЛОВИ

Сите содржини на оваа веб-страница – вклучувајќи го нејзиниот дизајн, текст, фотографии, информации и останати елементи – претставуваат интелектуална сопственост на Memories MK и се заштитени со закон.

Забрането е преземање, дистрибуција, објавување или користење на било кој материјал од оваа страна за комерцијални цели без претходна писмена согласност.

Содржините на оваа веб-страница имаат информативен карактер.
Иако секогаш се трудиме информациите да бидат точни и ажурни, можна е појава на мали отстапувања или технички грешки.

За секој производ се трудиме да обезбедиме реална фотографија и опис, со цел да имате јасна слика за изгледот и карактеристиките на производот.

Memories MK го задржува правото да користи производни називи или термини на англиски јазик во случаи кога:

  • не постои соодветна терминологија на македонски јазик, или

  • би се изгубило значењето со преводот.


ПОДДРШКА НА КОРИСНИЦИ

За сите информации поврзани со процесот на нарачка, плаќање, испорака или замена, можете да не контактирате преку:
📞 телефон: +389 71 275 787
📩 е-пошта: info@memories-mk.com
Работно време на поддршката: понеделник – петок, од 08:00 до 16:00 часот.


ПОЛИТИКА НА ИСПОРАКА НА ПРОИЗВОДИ

Купувањето преку нашата интернет страница може да го реализирате од било кој дел на светот, но испораката моментално се врши само на територијата на Република Македонија.

Производите се доставуваат на адресата која ја внесувате при креирање на нарачката.
Времето на испорака е во зависност од локацијата на купувачот и изнесува приближно до 72 часа (во рамки на Македонија) од потврдата на нарачката.

Испораката се врши преку надворешни доставни служби, а Memories MK го задржува правото да го продолжи рокот за испорака по претходен договор со купувачот.

Испорака во сабота по 15 часот, во недела и за време на државни празници не се врши.

Купувачот ќе биде телефонски контактиран пред испораката за потврда на датумот и времето.

Доколку нарачката е направена по 17 часот, таа ќе биде процесирана наредниот работен ден, по што започнува да тече рокот за испорака.
Во рокот не се пресметуваат викендите и неработните денови.

Доколку производот е испорачан оштетен или недостасува, Ве молиме веднаш контактирајте не за да преземеме соодветни мерки.
Во таков случај, трошоците за замена не се на Ваш товар.


ПРИЕМ НА ПРОИЗВОДИ

Испораката се врши до влезната врата на куќата или до влезот на станбената зграда.
Производите се спакувани во заштитна амбалажа и се осигурани од губење или оштетување за време на транспорт.

При прием, Вие сте должни да го прегледате производот и веднаш да пријавите евентуални оштетувања или пропусти.
Приговор може да упатите:

  • телефонски,

  • преку нашите социјални мрежи, или

  • преку е-пошта.

Подоцнежни рекламации за физички оштетувања нема да бидат прифатени.