Споменар · За дедо
Планирањето на свадба треба да биде магично, не стресно.
Планирањето на свадба треба да биде магично, не стресно. Овој планер ги содржи сите важни детали на едно место од буџет и гости, до декорации, музика и секој мал момент што не сакаш да го заборавиш. Организирано, едноставно и создадено да те води чекор по чекор до твојот најубав ден.
Детални информации за начинот и рокот на достава ќе најдете на страната Достава.
Доколку од било која причина сте незадоволни од производот, ви нудиме рефундација на средствата доколку истиот производ е вратен во првобитната состојба.
01
Точно знаеме како се чувствуваш во моментов! Возбудена си затоа што ќе кажеш „ДА“, ама веројатно веќе ти се врти во глава од помислата на сите обврски што те чекаат. Свадба во Македонија навистина не е мала работа. Одеднаш се наоѓаш во лавиринт од обврски: од црква и матично, па сè до менито, списоците со гости од двете фамилии, музиката и сите оние ситни традиционални обичаи што лесно можат да се заборават.
Наместо да уживаш во моментот, реалноста е дека лесно можеш да влезеш во хаос. Запишуваш важни телефонски броеви на салфетки, правиш хаотични белешки во телефонот кои после не знаеш каде се, а списоците со гости ти се расфрлани на три различни места. Тој постојан притисок дека нешто важно ќе испуштиш или дека буџетот ќе ти излезе од контрола, може скроз да ти ја расипе магијата на целата подготовка.
02
Баш затоа го создадовме „Дневник на љубовта: Свадба Во Детали“ – за да ти ја тргне целата таа тежина од раменици и да ти докаже дека организацијата може да биде едноставна и забавна. Ова не е само обичен планер ка со празни линии, туку вистински водич кој те носи чекор по чекор низ процесот.
Внатре имаш спакувано буквално сè: од календар на активности за да знаеш што треба да завршиш овој месец, детални табели за буџетот за да немаш скриени трошоци, па сè до посебни страници за распоред на масите, менито и протоколот за самиот свадбен ден.
Не мора повеќе да ја преморуваш главата и да мислиш дали нешто си заборавила. Сè што треба да направиш е да си го земеш планерот, да си свариш едно кафе и едноставно да го следиш планот. Кога сè ти е средено на едно место, паниката исчезнува, а на нејзино место доаѓа она убаво чувство на возбуда.
03
На крајот на денот, планирањето на твојата свадба не треба да биде период на караници, стрес и неспиење. Ова се денови исполнети со посебна магија која брзо поминува и штета е да ги поминеш во грч. Со овој планер, вие како пар ќе се забавувате додека ги пополнувате страниците, ќе уживате во изборот на секој детал и ќе го доживеете процесот онака како што треба, со многу љубов и смеа.
А кога денот ќе помине, кога ќе стивнат честитките и кога ќе поминат годините, овој планер нема да заврши во ѓубре како дигиталните апликации. Тој ќе остане на вашата полица како еден од највредните спомени. Ќе биде приказна напишана со твој ракопис за тоа како чекор по чекор, со многу мерак, го изградивте почетокот на вашето „засекогаш“.
Вистински коментари од луѓе што ги подарија или ги добија нашите производи.
Elena Miteva Knigata e pravo bogatstvo edinstveno so mozete da im ostavete vo nasledstvo a da ne se pari i kuka a da vrede poveke od toa e ova knigicka ,polena so emocii,usponi i padovi vo zivotot sto ke posluzat za mnogu idni generacii kako pouka vo vasata familija....i nikogas nema da bidete zaboraveni
Dance Aceva Прекрасна е ја добив подарок од мојата ќерка
Milena Ilievska-Arsova Прекрасна идеа, честитки за тој/таа, кој се сетил/а...
Ratka Mladenovic Прекрасна идеја.Преубав поклон од моите ќерки го добив за роденден
Nadica Bogeska Прекрасна е и јас ја добив подарок од мојата постара ќерка
Ana Sajkovska Gjorgjevska Топло ви го препорачувам споменарот. Содржината е прекрасна. Зедов 2 со тврд повез, стигнаа наредниот ден.
Valentina Gramatikova Prekrasen podarok.go dobiv od kerka mi
Memories Македонија Valentina Gramatikova Навистина ни е драго, се надеваме дека ви се допадна ❤️
Todorovska Kiceec Tatjana Veke ja dobiv od kerkami i so zadovolstvo ija popolnuvam 🍀
Olga Jankova Веќе ја пополнувам за ќерка ми 🥰
Biljana Lazarova Фала за подарокот ќерка моја паметна ✨
Не го најдовте одговорот? Нашиот тим со задоволство ќе ви помогне.
Можеш, ама да бидеме искрени белешките во телефонот се распрснуваат на сто места, screenshot-ите се губат, а Excel-от никогаш не го отвораш кога ти треба. Овде сè ти е во една книга, прегледно и по теми, и не ти треба батерија ни интернет за да провериш што уште ти останало. Плус, телефонот не можеш да го чуваш како спомен.
Апсолутно да! Агенцијата ја брка логистиката, но финалните одлуки се твои. Агенцијата нема да ти го направи списокот на гости од страна на невестата или младоженецот, нема да избере кој ќе ја земе тортата, ниту пак може да одлучи како ќе изгледа твојот буџет за шминка, фризура или подароци за сведоците (кумовите и старосватите). Овој планер ти помага да бидеш во тек со сè, да имаш контрола над сопствените желби и да имаш подготвени одговори кога ќе соработуваш со менаџерите на рестораните или декораторите.
Овој планер е направен со љубов за нашите свадби тука во Македонија. Многу странски планери немаат делови за матично, специфични црковни протоколи, канење на сведоци на начин на кој ќе го направиме тоа тука, или пак традиционалниот тек на свадбениот ден карактеристичен за нашите простори. Тука е опфатено сè – од буџетот до најситниот детаl, без прекомплицирани и неважни работи.
Без грижа, планерот е направен да биде максимално прегледен и лесен за пополнување. Не мора да пишуваш реферати. Напротив – имаш готови чек-листи каде што само штиклираш што е завршено, табели каде што само внесуваш бројки или имиња и јасни секции со наслови. Направен е да ти го олесни животот, а не да ти додаде нова обврска.
Одличен. Ако некоја твоја пријателка, сестра или колешка штотуку се свршила, ова е подарок што навистина ќе го користи секој ден до свадбата и ќе го памети дека е од тебе. Многу попаметно од уште еден обичен клише подарок.