Подароци што се чуваат цел живот
Правиме споменари, дневници и подароци за луѓето што ги сакате. Со прашања што отвораат приказни и место за посвета што останува засекогаш.
Сè започна со едно прашање до мама
Ние сме Марио и Томислав, двајца пријатели од Битола. Сфативме дека најголемиот подарок од нашите најблиски не се предметите, туку нивните приказни. Оние што ги слушаме еднаш, па ги заборавуваме.
Така го направивме првиот споменар за мајка, со само неколку прашања. Брзо порасна во книга со над 150 прашања за детството, љубовта, животните лекции и спомените што не смеат да се изгубат.
Денес правиме споменари за мама, тато, баба и дедо, дневник за бебето, дневник за свадбата, универзален дневник „Мојата приказна“ и игра за парови. Секој е осмислен да зближува.
Вредноста не е во цената, туку во приказната
Приказните се наследство
Предметите се трошат. Она што го пренесуваме од генерација на генерација се спомените, лекциите и љубовта.
Подарок со посвета
Најубавите подароци носат порака. Затоа секој наш производ има место за вашите зборови.
Секој ден малку подобро
Ги слушаме купувачите и постојано ги подобруваме производите, пакувањето и начинот на кој работиме.
Подарок за секој што ви значи
Едноставно, без картичка
Изберете подарок
Изберете за кого е. Ако земате повеќе споменари, цената по парче паѓа.
Нарачајте за една минута
Само име, адреса и телефон. Пратката стигнува за 1–3 работни дена.
Платете при прием
Плаќате во готово на курирот кога ќе ја добиете пратката.
Имате прашање?
Пишете ни на социјалните мрежи или јавете се. Одговараме брзо и со задоволство ќе ви помогнеме да го изберете вистинскиот подарок.
Споменар за мама
Споменар за тато
Споменар за баба
Споменар за дедо
Бебе, ова е твојата приказна
Дневникот на љубовта
Мојата приказна
Игра за парови